Европска енергетска заедница: Македонија е подготвена да плаќа јаглеродна такса од 2028 година

Секретаријатот на Енергетската заедница во извештајот што го објави вчера открива дека договорните страни на Енергетската заедница – Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина – остваруваат постојан напредок во поврзувањето на пазарот на електрична енергија со ЕУ и во воведувањето на чиста енергија.

На 1 јануари влегува во сила Механизмот за прилагодување на јаглеродните граници (Карбон бордер аџастмент механизам – КБAM) на Европската Унија, како алатка за одредување фер цена на јаглеродот што се испушта за време на производството на стоки со интензивни емисии на јаглерод што влегуваат во ЕУ и за поттикнување почисто индустриско производство во земјите надвор од ЕУ. Така, КБАМ ги засега нашите извозни компании во повеќе дејности, како и струја произведена од фосилни горива, но која е извезена.

Секретаријатот на Енергетската заедница во извештајот што го објави денеска открива дека договорните страни на Енергетската заедница – Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина – остваруваат постојан напредок во поврзувањето на пазарот на електрична енергија со ЕУ и во воведувањето на чиста енергија. Според Извештајот, Македонија е подготвена да плаќа јаглеродна такса од 2028 година.

Во Извештајот пишува дека евидентираниот напредок ја одразува главната цел на Договорот за Енергетската заедница: да се создаде единствен регулаторен простор за трговија и соработка за енергија што го проширува внатрешниот пазар на ЕУ кон нејзините соседи, а воедно обезбедува стабилност, безбедност на снабдувањето и одржливост на животната средина.

– КБAM треба да служи како мост кон Европската Унија, а не како бариера – изјави Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Заедничката анализата за членките на Енергетската заедница покажала дека реформите се забрзуваат, дека се намалиле емисиите на јаглерод во енергетскиот сектор и дека се зголемиле капацитетите на обновливи извори на енергија.

„Сите договорни страни освен една изразија намера да усвојат домашен инструмент за одредување на цените на јаглеродот – без разлика дали станува збор за шема за тргување со емисии или данок на јаглерод – за интернализирање на трошоците за СO₂ и евентуално усогласување со климатските политики на ЕУ“, пишува во Извештајот.

Македонија е пофалена за намалувањето на азот моноксид и азот диоксид како големи загадувачи на воздухот, а исто е потенцирано дека го намалила и емитувањето на сулфур диоксидот.

„Производството на електрична енергија од термоелектрани на јаглен остана релативно стабилно во 2024 година, забележувајќи мало намалување од 0,7 проценти во споредба со претходната година. Најзначајните намалувања се забележани во Црна Гора и Северна Македонија (околу 12 проценти), додека Косово регистрираше зголемување од 11 проценти“, пишува во Извештајот.

Во 2024 година, емисиите на CO₂ по единица номинален БДП во Енергетската заедница се намалија за 11проценти на годишно ниво и за 36 проценти во споредба со петгодишниот просек. Договорни страни како што се Грузија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија го поттикнаа овој напредок, забележува Енергетската заедница.

За процесот на декарбонизација во кој е вклучена и Македонија, интензивно се зборува речиси три години. Според поранешните најави, Македонија би требалo да плаќа 70 до 80 евра таканаречена „карбонтакса“ за мегават-час произведени од јаглен, но такса треба да има и за други производи чие производство е поврзано со висока емисија на јаглерод диоксид, како што е челичната и цементната индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот