Европратеничката Виола Фон Крамон и на Твитер бара брз трансфер на шверцуваниот лав „Џони“

Пред неколку дена, Основниот суд во Гњилане донесе одлука за лавот „Џони“, кој нелегално е заробен во ресторан во овој град.

Основниот суд во Гњилане, им нареди на надлежните органи да го преместат „кралот на џунглата“ од кафезот, и да му најдат соодветно живеалиште надвор од Косово,

ВИДЕО: Вархеји и Виола фон Крамон се справуваат со судбината на шверцуваниот лав од Гњилане

Но, досега Министерството за економија и животна средина не презеде никакви конкретни активности. На ова реагираше и известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола Фон Крамон.

Фон Крамон и на Твитер побара трансферот на лавот од косовскиот ресторан во Албанија да се изврши што е можно побрзо.

„Министерствата на Косово и Албанија не го овластија неговиот превоз. Ги повикувам министерствата веднаш да постапат“, напиша таа.

На инсистирањето на европратеничката за решавање на судбината на Џони, реагираше вршителот на должноста министер за економија и животна средина во Косово, Мухарем Нитај. Тој појасни зошто неговиот трансфер сè уште не е извршен.

„Ја известувам јавноста и г-ѓа. Фон Крамон, министерството што го водам ги презеде сите неопходни процедурални и правни чекори за негово ослободување и пренесување на место каде што лавот „’он“ би се третирал во согласност со потребните норми. Веќе имаме одлука на Судот за негово одземање и пренесување во друга земја, но за жал Косово не е потписник на Конвенцијата CITES за прекугранично циркулирање на животински видови, затоа побаравме од властите на Република Албанија да овозможат трансфер на лавот „Џони“, преку албанската држава, од каде што бил прошверцуван во Косово“, потврди тој.

Министерот исто така изрази жалење дека за е потребно толку многу време за решавање на еден лесен проблем и нагласи дека тоа е последица на пречките што ги има државата Косово во однос на одредени конвенции.

Нитај изрази и благодарност до Фондацијата „Четири шепи“, која изрази подготвеност да ја преземе организацијата за транспорт на лавот „Џони“, од Косово во Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот