Европол: Екстремистите се обидоа да шират омраза за време на пандемијата

Европол/ Фото: ЕПА

Во најновиот извештај на Европол за тероризмот во Европска Унија се наведува дека екстремистите минатата година се обиделе да ја искористат глобалната пандемија со Ковид-19 за да „шират пропаганда на омраза и недоверба во јавните институции”.

Европол истакнува дека пандемијата со Ковид-19 и економската криза придонеле за поларизација на општеството што предизвика „поголемо прифаќање на заплашување, вклучително и повици за извршување насилни дејствија”.

– Најновиот извештај на Европол за тероризмот во ЕУ илустрира дека ризикот од радикализација преку интернет се зголемил за време на пандемија со Ковид-19. Ова е особено точно за десничарскиот тероризам, истакна еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.

Според Европол имало 57 „терористички напади извршени, неуспешни или спречени” во шест земји на ЕУ и 62 „терористички инциденти” во Велика Британија во 2020 година. Вкупно 21 лице загинало во екстремистички напади минатата година – девет при десничарски напади во Германија и 12 луѓе биле убиени во шест џихадистички напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот