Фото: EPA/ADRIAN RUIZ HIERRO

Евролига: Жалгирис ја продолжи агонијата на Монако

Кошаркарите на Жалгирис денеска убедливо го победија Монако со 104:87 во натпреварот од 26 коло од Евролигата. Литванскиот тим ја продолжи својата добра серија во Евролигата, остварувајќи го својот четврти последователен триумф, додека Монако го забележа четвртиот последователен пораз во елитното натпреварување.

Азулас Тубелис беше најефикасен во триумфот со 26 поени и седум скока, додека Силван Франциско имаше 19 поени и осум асистенции.

Од друга страна, Мајк Џејмс го предводеше натпреварот со 19 поени и 10 асистенции, додека Алфа Дијало имаше 16 поени и осум украдени топки.

На табелата Жалгирис е на деветтата позиција (15-11), веднаш пред Монако на 10 позиција.

Се одиграа уште два меча, Дубаи по едно продолжение го совлада Олимпијакос со 108:98, додека Анадолу Ефес со 107:90 беше подобар од Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот