Евролига: Кошаркарите на Монако закажаа „мајсторка“ против Фенербахче

фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Екипите на Монако и Фенербахче во „мајсторка“ ќе одлучат кој ќе оди на Фајнл-фор турнирот во Евролигата.

Во четвртиот меч од серијата, кошаркарите на Монако победија во Истанбул со резултат 65:62 (11:15, 19:18, 18:14, 17:15) и израмнија на 2:2, па во „Кнежевството“ ќе се одлучува за патникот во Берлин.

Во редовите на францускиот претставник Окобо постигна 13 поени, а Џејмс и Мотијунас по 10. Решавачка беше тројката на Мајк Џејмс во последната минута од натпреварот.

Кај Турците Марко Гудуриќ постигна 14 поени, Вилбекин 11, а Папајанис и Хејс Дејвис по 10.

Ова е трета серија во која ќе одлучува „мајсторката“, Реал ја елиминираше Басконија и се пласираше прв на Ф4, а „мајсторки“ ќе одлучуваат и на натпреварите Панатинаикос – Макаби и Барселона – Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот