Еврокуп: Хувентуд на врвот, Димитријевиќ блескаше и против францускиот Бург!

фото: Еврокуп

Екипите на Хувентуд (Шпанија) и Бург (Франција) вечерва одлучуваа кој од нив ќе заврши на првото место во групата „А“ во првата фаза од Еврокупот.

И паралелно со тоа, како ќе „влезат“ во ТОП 16 фазата на второто според квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување.

Во заостанатиот меч од седмото коло, кој претходно беше одложен поради присуство на ковид-19 во редовите на францускиот претставник, Хувентуд го совлада Бург со резултат 90:75.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ не почна во првата петорка. Но, тоа не беше пречка да одигра доста добар натпревар кој го заврши со 13 поени (1/2 за три, 3/5 за два и 4/4 за еден поен). А за 22:44 минути на паркетот додаде и пет асистенции, два скока, една освоена и три загубени топки.

Со учинок од осум победи и два порази Хувентуд заврши како првопласиран во оваа група. Во втората фаза ќе биде дел од новоформираната група „Е“ во која се уште две француски екипи, Монако и Нантер, и една од Шпанија, нивниот добар познаник, Уникаха од Малага.

Димитријевиќ меѓу најефикасните на последниот меч годинава во Шпанија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот