Евро 2020 | Група Е: Шпанија без ниту еден играч на Реал е голем фаворит, Шведска сепак без Златан

EPA/EFE

Во групата Е се наоаѓаат репрезентациите на Шпанија, Полска, Шведска и Словачка, а натпреварите ќе се играат во Севиља и во Санкт Петербург.

Апсолутен фаворит во оваа група е Шпанија која воедно е и еден од најголемите фаворити и за триумф на ЕП. Избраниците на селекторот Луис Енрике доминираа во квалификациите со осум победи и две ремија освојувајќи 26 бодови, додека зад нив беше противникот во првото коло на Евро 2020, Шведска со 21 бод.
Селекторот Енрике, пред стартот направи невообичаен потег, го изостави од списокот Серхио Рамос кој изминатата сезона имаше неколку повреди и нема сила да го издржи напорот за вакво натпреварување. Со овој потег, Енрике се одлучи на голем ризик бидејќи доколку Шпанија потфрли тогаш токму селекторот ќе биде најголем виновник.


Интересно е што за прв пат во историјата, во репрезентацијата на Шпанија на едно големо натпреварување нема ниту еден играч од Реал Мадрид.
Главните адути на Енрике на Евро 2020 ќе бидат Жорди Алва, Џезар Аспиликуета, Серхио Бускетс, Маркос Љоренте, Алваро Мората…
Експертите сметаат дека за второто место во групата ќе се борат Шведска и Полска, а поглеми шанси им се даваат на Полјаците поради неверојатниот Роберт Левандовски.
Полска на ЕП дојде како победник во групата во која учествуваше и Македонија, со 25 бодови, односно со осум победи и по едно реми и пораз. Интересно е што Полска на Евро 2020 нема да игра под водство на селекторот кој ги однесе на континенталниот собир, Јиржи Брзечек, бидјеќи во јануари годинава е заменет со Португалецот Пауло Соуза.

Иако има нов селектор, на сите им е јасно дека играта на Полска ќе зависи од креативноста на Пјотр Зиелински и од реализацијата на Роберт Левандовски. Фудбалерот на Баерн Минхен имаше неверојатна сезона во која го собори рекордот во Бундеслигата со 41 постигнат гол.

Најголем хендикеп за Шведска на Евро 2020 ќе биде отсуството на Златан Ибрахимовиќ кој неодамна се врати во репрезентацијата и тоа во квалификациите за СП 2022. Очекувањата на шведската јавност е пласман најмалку во четвртфиналето.
токму четвртфиналето и тоа на СП 2018 година во Русија е најдобриот пласман на „трите круни“ на големите натпреварувања и тој беше остварен без Ибрахимовиќ.
Во отсуство на Златан, епитетот на главна ѕвезда во репрезентацијата го има „Македонецот“ со шведски пасош, Дејан Кулушевски.


За многумина репрезентацијата на Словачка е аутсајдер во групата Е. Словаците доколку беа во некоја друга група, сигурно ќе се бореа за второто место, но во конкуренција на Шпанија, Полска и Шведска, тоа ќе им биде многу тешко. Од распадот на Чехословачка во 1993 година, Словачка играше на само два големи настани, СП 2010 и ЕП 2016 и на двете првенства ја поминаа групната фаза.  Словачка на Евро 2020 дојде преку Лигата на нациите и бараж натпреварот против Република Ирска (2:1).
Најголема ѕвезда во Словачка е капитенот Марек Хамшик кој ја напушти Кина и се врати во Европа, додека командант на одбраната ќе биде Мартин Шкринијар од Интер.

 

Евро 2020 | Група Ц: Холандија е фаворит, македонските фудбалери предвреме „отпишани“!

Евро 2020 | Група Д: Англија и Хрватска сакаат да го повторат успехот од Русија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот