ЕВРО 2020, група „Ц“: Холандија „тежи“ 637 милиони евра, Елмас со пад на вредноста!

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH/EPA-EFE/Christian Bruna/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC/EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Се бројат деновите до стартот на Европското првенство (11 јуни – 11 јули 2021 година) во кое ќе дебитира македонската А репрезентација.

Во продолжение да погледнеме прво колку моментно вредат сите четири репрезентации во нашата група „Ц“: Македонија, Австрија, Украина и Холандија.

Холанѓаните убедливо се првопласирани, вредат 637 милиони евра, пред Австрија (320 милиони евра), следува Украина (216 милиони евра), а Македонија 61,80 милион евра.

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг напредуваше во игрите со Барселона, тој е највредниот кај „лалињата“ со 90 милиони евра. Кај Австријците најголема вредност има Давид Алаба (55 милиони евра), а во украинскиот тим 30 милиони евра вреди Руслан Малиновски.

Кога сме кај нашата репрезентација Горан Пандев блеска и на 37 години, водејќи Македонија на големо натпреварување, како што е Европското првенство. Беше стрелец во големата победа над Германија во Дуизбург во рамките од квалификациите за Светското првенство.

И натаму е еден од водечките играчи на Џенова, водејќи ја уште еднаш до опстанок во Серија А, а според најновите податоци на „Трансфермаркт“ сега вреди 500.000 евра, односно 100.000 повеќе од минатиот пат.

Секоја победа на фудбалерите на ЕП ќе им носи по 300.000 евра

Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас останува највредниот играч во составот на Игор Ангеловски, и покрај тоа што за еден милиони евра падна неговата вредност, односно сега вреди 17 милиони евра.

Топ 10 највредни играчи во групата „Ц“ на ЕВРО 2020:

1.Френки де Јонг (Холандија) 90 милиони евра
2.Матијс де Лихт (Холандија) 75 милиони евра
3.Давид Алаба (Австрија) 55 милиони евра
4.Стефан де Врај (Холандија) 50 милиони евра
5.Мемфис Депај (Холандија) 45 милиони евра
6.Марсел Сабицер (Австрија) 42 милиони евра
7.Рајан Гравенберх (Холандија) 33 милиони евра
8.Нејтан Аке (Холандија) 32 милиони евра
9.Донјел Мален (Холандија) 30 милиони евра
10.Дони ван де Бек (Холандија) 30 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот