Еве како изгледаа почетоците на убавата Софија Вергара (ВИДЕО)

инстаграм

Софија Вергара на својот Инстаграм објави видео во кое е во жолто бикини на плажа и не потсети на нејзините почетоци…

Пред да се прослави со своите улоги, латино убавицата Софија Вергара работеше како водителка на шпанската емисија за патувања „Fuera De Serie” од 1995 до 1998 година.

Актерката на Инстаграм се присети на минатото па така таа објави видео од емисијата во која работеше. Таа тука зборува за една од најубавите плажи на Ел Салвадор, а на сите вниманието им го украде нејзиното деколте.

Актерката беше откриена кога имаше 17 години на една јужноамериканска плажа, по што таа стана и заштитно лице на компанијата „Пепси“ во Јужна Америка.

Денес таа е во брак со Џо Манганиело, кој неодамна призна дека му било непријатно дури и да се запознае со неа, бидејќи нејзината убавина била неверојатна. Се запознаа во 2014 годна, а се венчаа една година подоцна, а денес се еден од омилените холивудски парови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот