epa09137068 Daniel Evans of Britain reacts during his third round match against Novak Djokovic of Serbia at the Monte-Carlo Rolex Masters tournament ?in Roquebrune Cap Martin, France, 15 April 2021. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER
Еванс: Ќе им раскажувам на внуците како го победив најдобриот тенисер во светот!
Слободен печат
Пред
Многу сум горд и не можев да верувам кога последната премина преку мрежата – изјави британскиот тенисер Даниел Еванс по триумфот над Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло.
– Задоволен сум како играв и како влегов во натпреварот. Се чувствував навистина добро. Никогаш не можете да бидете многу преполни со самодоверба кога играте таков голем меч против Новак. Ова е навистина голема победа. Воодушевен сум што се пласирав во следната рунда, особено затоа што бев во минус „брејк“ во вториот сет. Имав и некои потешкотии во првиот сет, но на крајот сепак треба да бидам многу задоволен – рече Еванс.
Иако имаше негатива од 3:0 во вториот сет, Британецот успеа да направи пресврт.
– Најважно е дека треба да верувате во себе дека можете да победите. Морам да признаам дека малку се сомневав во себе, бидејќи не е лесно да се сервира во тешки, одлучувачки моменти. Тогаш сè минува низ вашата глава, но ете среќа што јас победив. После турнирот, ќе им раскажувам на моите деца и внуци како го победив најдобриот тенисер во светот – додаде Еванс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …