Ева Милевска/Скијачка Федерација на Македонија

Ева Милевска испишува историја – ќе стане прва Македонка со настап на СП во спуст и супервелеслалом

Младата македонска скијачка Ева Милевска ќе влезе во историјата на домашното скијање како прва претставничка на нашата земја која ќе настапи во дисциплините спуст и супервелеслалом на Светско јуниорско првенство во алпско скијање.

Деветнаесетгодишната Милевска ќе ја претставува Македонија на шампионатот што ќе се одржи во Норвешка, каде ќе се соочи со најдобрите млади скијачки во светот од својата генерација.

Од Скијачката федерација на Македонија истакнуваат дека станува збор за дисциплини кои важат за најтешки во алпското скијање.

„Брзинските дисциплини се меѓу најпредизвикувачките во алпското скијање. Патеките се долги и технички сложени, со скокови, силни компресии и брзини што надминуваат 100 километри на час. Со овој настап, Ева не само што ќе се натпреварува со светската елита, туку и ќе отвори ново поглавје во историјата на македонското скијање“, порачаа од федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот