Ева Мендес призна дека поради мајчинството го занемарила изгледот

Фото: EPA/DANIEL DEME

Актерката Ева Мендес долго време важеше за една од најубавите жени во Холивуд, но откако стана мајка, таа престана да снима филмови и целосно се повлече од јавноста, посветувајќи му се на мајчинството.

Своето прво дете, ќеркичката Есмералда, ја роди на 42 години, а две години подоцна со сопругот Рајан Гослинг ја доби и ќеркичката Аманда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Ева на крајот на деведесетите се појави во видео-спотовите на Вил Смит и Пет Шоп Бојс, во кои ја забележаа агентите за таленти, па така таа брзо започна да добива улоги во холивудските остварувања.

Првиот филм во кој глумеше беше хоророт од 1998 година „Children of the Corn V: Fields of Terror“, а најзапазени улоги оствари во филмовите „Hitch“, „Ghost Rider” и „The Place Beyond the Pines” на чиј сет во 2011 година го запозна Гослинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)


Парот се венчаше во строга тајност – никој не знае каде и кога, ниту како биле тие облечени, а Ева одлучи да ја промени кариерата и да му се посвети на семејството и сопствената модна линија, додека од снимањата на нови филмови се откажа целосно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Во ретките интервјуа кои ги даде откако се повлече од глумата, таа нагласи дека ужива во мајчинството, а неодамна на Инстаграм се пожали како изгледа мајчинството за време на пандемијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

„Овие денови моите деца го добиваат моето целосно внимание и тоа е многу предизвикувачки, бидејќи сега сум им потребна повеќе од било кога“, изјави таа и призна дека во последните месеци го занемарила својот изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот