Еурофарм Работник го „прегази“ поранешниот европски шампион!

sehaphoto

Еурофарм Работник вечерва во салата „Боро Чурлевски“ триумфираше и во вториот натпревар овојпат против поранешниот европски шампион Металопластика со конечен резултат 32:21.

Најрасположен во редовите на домаќините беше Ловро Јотиќ со осум погодоци, три помалку запиша Владислав Остроушко. На спротивната страна за српскиот претставник Дејан Бабиќ имаше шест голови, а четирипати во листата на стрелците се запиша Виктор Матичиќ.

Во првите две кола од Лигата на шампионите битолчани имаа два тесни порази, но барем досега имаат одличен настап во регионалното натпреварување.

Во рамките од „Б“ групата, ракометарите на тренерот Стевче Алушовски со новите три бода после првите две кола се израмни со Веспрем на врвот на табелата.

Наредниот меч Еурофарм ќе го има во ЛШ на 29 септември во Шпанија против составот на Бидасоа Ирун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот