ЕУ ќе издвои 13 милиони евра за најранливите категории во источна Украина

Парите се наменети за поправање на урнати згради, училишта и здравствени установи и да се обезбеди пристап до вода и образование.

Европската Унија мобилизира дополнителни 13 милиони евра помош за најранливите категории на украинското население, погодено од воениот и конфликт и пандемијата на Ковид-19.

-Европската Унија е целосно солидарна со луѓето во источна Украина. ЕУ им помага на најранливите луѓе кои се истоштени од шест години конфликт да добијат основни услуги како здравство и вода, пристапот до ваквите услуги е дотолку поважно поради епидемијата на коронавирусот, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич.

Овие тринаесет милиони евра треба да послужат за поправање на урнати згради како училишта и здравствени установи и да обезбеди пристап до вода и образование, објасни Европската Комисија.

Украина влезе во својата седма година воен конфликт поради илегалната руска анексија на делови на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот