ЕУ ги одобри мерките за најранливите групи

Фондот за најранливите на ЕУ е создаден во 2014-та година како алатка за справување со екстремна сиромаштија во Унијата и бездомништво.

ЕУ попладнево ги одобри законските измени за ублажување на последиците од здравствената криза кај најранливите групи на населението. Станува збор за амандмани на регулативата за Фондот за помош на најранливите категории.

Целта е да се олесни пристапот до овој фонд за земјите членки, како и за организациите. Околу 13 милиони граѓани во ЕУ добиваат некаков вид помош благодарение на овој фонд.

-Епидемијата од Ковид-19 е огромен предизвик за нашите напори да им помогнеме на најранливите граѓани. Измените договорени денеска ќе им дадат пристап на земјите членки за поголема стапка на ко-финансирање од ЕУ буџетот и ќе овозможи да се финансира провизија на заштитна опрема за најранливите како и за оние кои ја делат помошта, соопшти Весна Бедековиќ, хрватската министерка за демографија и социјална политика.

Фондот за најранливите на ЕУ е создаден во 2014-та година како алатка за справување со екстремна сиромаштија во Унијата и бездомништво. Критериумите за тоа кој припаѓа на категоријата најранливи ги дефинираат земјите членки и партнерските организации.

Фондот располага со 2,5 милијарди евра за периодот 2014-2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот