ЕСПН: Ова ќе биде најдраматичниот бараж, замислете го Роналдо во Скопје

Кристијано Роналдо и Португалија можни ривали на Македонија во баражот/Фото: EPA/VASSIL DONEV

Најпознатата светска спортска мрежа, „ЕСПН“, ги анализира возбудливите квалификации и го најавува „најдраматичниот бараж досега“.

Некои репрезентации и големи играчи нема да го видат Светското првенство во Катар, а некои допрва треба да одлучат дали ќе бидат дел од истото или не. Секако, не зависи само од нив, туку и од противниците кои ќе ги добијат врз основа на жрепката.

Многумина сега се прашуваат дали една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, Кристијано Роналдо на крајот од кариерата ќе игра на Мундијалот со оглед на тоа што Португалија е во баражот, што повторно не е ништо ново. Португалците со поразот од Србија во Лисабон се најдоа во ситуација да стравуваат за СП, исто како и моќните актуелни европски шампиони, Италијанците.

Во март првпат во турнирски формат ќе се игра бараж со полуфинале и финале, а на крајот три селекции патуваат во Катар.

– Самиот формат ќе донесе невидена драма и тензија од самиот почеток. За неутралните спектакл, за навивачите на земјите кои ќе играат бараж – нервоза. Во основа имаме три финалиња четири турнири со еден меч во полуфинале и финале. Сè е отворено, се е можно, замислете само кога Кристијано Роналдо, на пример, ќе дојде во Скопје да се бори за Мундијалот против Македонија.

Адеми: Горд и среќен сум, баражот е голема работа за Македонија

Возбудата ќе кулминира од причина што нема повеќе „паркинг на автобус на гостите“, нема повеќе игра на 0:0, а нијансите ќе одлучуваат – стои во анализата на „ЕСПН“.

Во баражот се Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска, Велс како носители, а во другата група од жрепката се Турција, Полска, Македонија, Украина, Австрија и Чешка како неносители.

Извлекувањето на бараж двојките ќе се одржи на 26 ноември, а натпреварите ќе се играат 24/25 и 28/29 март 2022 година. А жрепката за групите на Светското првенство ќе биде на 1 април 2022 година во Доха. Светското првенство во Катар ќе се игра следната година од 21 ноември до 18 декември 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот