Адеми: Горд и среќен сум, баражот е голема работа за Македонија

Аријан Адеми поради повреда не настапи на последните два натпревари од квалификациите за СП во Катар/ фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми кој не можеше да настапи на последните два квалификациски натпревари за пласман на СП 2022, е горд на големиот успех кој го постигнаа неговите соиграчи.

Македонија со двете победи, над Ерменија (5:0) и над Исланд (3:1) го освои второто место во групата Ј со кое за прв пат обезбеди пласман во бараж натпреварите за пласман на Мундијалот во Катар .

Фудбалерот на Динамо Загреб не можеше да настапи поради повреда и последните два натпревари на репрезентацијата ги следеше од својот дом.

– Навивав од дома, бев пресреќен како заврши натпреварот. Не само што сум среќен туку сум и многу горд. Голема работа е тоа за цела Македонија. Не знам како ќе го објаснам сето ова што ни се случува. Но, кога ќе ја видите репрезентацијата, ќе видите дека во ростерот има многу квалитетни фудбалери кои играат во силните европски клубови. Да, ги имало и претходно, но никогаш немало вакви резултати. Веројатно сега по сите тие години конечно успеа се да „кликне“ – изјави Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот