Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Греењето на подрачјето на град Скопје за сите потрошувачи се одвива од 6 до 22 часот и со внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен, како што е пропишано во регулативата, односно исти се условите за сите потрошувачи кои ги има вкупно 63 000 (домаќинства, деловни објекти и институции), соопшти ЕСМ.

Испораката на толинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ се одвива во согласност со одредбите од Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика. Како што наведува компанијата, овие подзаконски акти ја регулираат оваа проблематика и ги дефинираат условите и начинот на испорака на толинската енергија до крајните потрошувачи. Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи е поврзано со висината на надворешната темература во различни периоди од грејната сезона во различни периоди од денот.

-Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона и истата се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот. Доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица, истакнува ЕСМ.

Според компанијата, од почетокот на грејната сезона до денес дефектите во дистрибутивната мрежа се санирани во најкраток можен рок, со највисок приоритет, со цел намалување на загубите и воспоставување на редовен режим на испорака на топлина до потрошувачите.

-Потрошувачите за сите пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, повикува ЕСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот