ЕСМ: Блок 1 во РЕК Битола е исклучен од мрежа заради ремонтни активности

Рек Битола
Рек Битола/ Фото АД Електрани на Северна Македонија

Блок 1 во РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради интервенции во цевкодниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот, информираат од ЕСМ.

Од ЕСМ очекуваат блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа. Велат дека во овој период целосно се задоволени потребите за електрична енергија на конзумот со производство од останатите свои капацитетите и нема увоз на електрична енергија.

Потсетуваме дека заради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено тоа се прави, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена. Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа, се вели во соопштението.

Додаваат дека во моментов Блок 2 и Блок 3 работат без проблем, а ремонтни активности на Блок 2 се предвидени за следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот