Ертел ја прекрши заклетвата, потпиша за рускиот клуб Зенит

Томас Ертел играше за Франција на Евробаскет 2022/фото: EPA-EFE/MARISCAL

Федерацијата дозна преку социјалната мрежа „Твитер“ дека Зенит Ст. Петерсбург од Русија го објави трансферот на Томас Ертел со договор на една година со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

Иако федерацијата беше информирана дека Томас Ертел имал контакти со странски клубови, вклучувајќи и руски, во ниту еден момент не беше информирано дека е потпишан договор ниту пак е во процес на потпишување.

– Играчот на почетокот на подготовките на француската кошаркарска репрезентација на крајот на јули потпиша изјава во која стои дека нема намера да потпише за руски или белоруски клуб – објавија од Француската кошаркарска федерација.

Ертел беше еден од најефикасните на неодамнешното Европско првенство, беше прв стрелец во триумфот над Италија за пласман во полуфиналето, а беше втор стрелец во својата репрезентација во финалето против Шпанија.

Ертел ризикува повеќе да не биде репрезентативец на Франција, а доби и сериозна опомена од федерацијата.

– Доколку Ертел игра за Зенит, оваа обврска нема да се почитува и повеќе не би ги исполнувал критериумите на репрезентацијата за следните натпревари, вклучително и Олимписките игри во 2024 година – се наведува во соопштението на кошаркарската федерација на Франција.

Излегоа информации од „РМЦ“ дека врвот на француската кошаркарска репрезентација може да размисли за скратување на суспензијата на Ертел под услов тој да не ја искористи опцијата за втора година од договорот со Зенит.

Видео на денот