Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах (ВИДЕО)

Фото: EPA

По трилатералните разговори во Москва на министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах, што денеска стапува во сила.

Во официјалниот документ потпишан во Москва се наведува дека Ерменија и Азербејџан се недвосмислено согласни за хуманитарен прекин на огнот.

Деталите дополнително ќе бидат усогласени, но хуманитарниот прекин на огнот ќе почне денеска со размена на воените заробеници, повредените и телата на загинатите.

Договорено е и да продолжат разговорите за траен прекин на огнот.

Преговорите во Москва, на кој учествуваа азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и шефот на ерменската дипломатија Зораб Мнацаканијан, траеја 10 часа.

На иста маса во Москва – трилатерален состанок за Нагорно Карабах

Обновените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно-Карабах ескалираа на 27 септември. Двете земји прогласија воена состојба и општа мобилизација и пријавуваат жртви, вклучително и цивили.

Судирот помеѓу Баку и Ереван почна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах прогласи независност од Азербејџан. За време на судирите од 1992  до 1994 година Азербејџан изгуби контрола над Нагорно-Карабах и седум соседни региони. Од 1992 година се одржуваат преговори за мирно решавање на судирите во рамките на Организацијата за безбедност и соработка Минск групата, со која претседаваат Русија, САД и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот