Ерик Тен Хаг нов тренер на Елмас?
Екипата на Лајпциг се наоѓа во сериозна криза и во последните шест натпревари во сите натпреварувања има пет порази и реми, додека во Лигата на шампионите германскиот тим запиша порази на сите пет средби.
Препорачано
Во таква ситуација во јавноста се најавувао тказ за тренерот Марко Розе, а како еден од главните кандидати за нов тренер на тимот во кој член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најавува Ерик Тен Хаг.
Со Лајпциг се поврзуваа уште неколку кандидати, но според германските медиуми, Тен Хаг важи за фаворит. Иако Тен Хаг не се прослави во Манчестер јунајтед во Лајпциг веруваат дека е добро решение. Ќе потсетиме, пред работата на „Олд Трафорд“, Тен Хаг одлично го водеше холандскиот гигант Ајакс.
Интересно е што ако почне со работа во Лајпциг, Тен Хаг би соработувал со Јирген Клоп кој од 1 јануари ќе биде најважната „алка“ во системот на функционирање на спортските клубови на „Ред Бул“.
Двајцата стратези до неодамна водеа битки во Премиер лигата како големи ривали на клупите на Ливерпул и Манчестер јунајтед.
? Erik ten Hag is on RB Leipzig’s list if they decide to sack Marco Rose.
(Source: @berger_pj) pic.twitter.com/2mLJgAISe4
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 3, 2024


