Ердоган: Нема да дозволиме напади врз нашиот интегритет

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV

Турција нема да толерира никакви напади врз нејзиниот интегритет, изјави денеска претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган, по повод 83-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Република Турција.

„Никогаш нема да дозволиме напади врз интегритетот на нашата земја, опстанокот на нашата држава, единството, мирот и вековните вредности на нашата благородна нација. Со историските успеси што ги постигнавме во сите области, особено образованието, здравството, безбедноста и индустријата, решително се движиме кон нашите цели за 2023 година“, напиша Ердоган во спомен-книгата во мавзолејот на Ататурк во главниот град Анкара, пишува Анадолу.

Говорејќи на комеморацијата, тој му оддаде почит на Ататурк зборувајќи за развојните фази низ кои минала земјата од нејзиното основање.

„Се разбира, важно е да му оддадеме почит на Ататурк, но најважно е да го разбереме следејќи ги трагите на неговата борба и правилно да ги идентификуваме причините за тоа“, истакна турскиот претседател.

Турција ќе биде најпросперитетна и најцивилизирана во светот

„Ќе ја подигнеме нашата земја на ниво на најпросперитетните и најцивилизираните земји во светот. Ќе направиме нашата нација да има најобемни средства и ресурси за просперитет. Ќе ја подигнеме нашата национална култура над нивото на модерната цивилизација. Нашиот народ им покажа на сите пријатели и непријатели дека Републиката ќе живее вечно, бранејќи ја својата земја сè посилно по секој камен на сопнување“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Ататурк, исто така, внимателно ја следел Европа и светот за да биде пред развојот.

„Оваа визија на Мустафа Кемал Ататурк е и патоказ за денешна Турција. Турција денес е во Сирија, Турција денес е во Либија, Турција денес е на Кавказ, Турција сè уште води пионерска дипломатска работа во Европа и светот, додаде Ердоган.

Ататурк бил роден во 1881 година во Солун, тогашна Отоманска империја. Најголемата воена слава ја стекна водејќи ги турските борци во битката кај Чанаккале. По распадот на Отоманската империја по завршувањето на Првата светска војна, Ататурк ја предводел турската војска во ослободителната војна.

Како основач и претседател на Република Турција, тој ја трансформираше земјата во модерна, секуларна и прозападна држава. Почина на денешен ден во 1938 година на 57-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот