ЕП 2022: Силен старт на Србија, Шпанија со победа тргна во одбрана на титулата
Ракометната репрезентација на Србија оствари убедлив триумф од 31:23 над Украина на стартот од Европското првенство 2022. Србите уште во првото полувреме покажаа дека се голем фаворит, на одмор заминаа со предност од шест гола (17:11) и во вториот дел рутински ја одржуваа предноста за конечен триумф од 31:23. Лазар Кукиќ со седум гола беше најпрецизен кај Србија, додека кај Украина најдобар беше Хориха со шест гола.
Препорачано
Селекцијата на Шпанија со триумф од 28:26 над Чешка ја започна одбраната на титулата. Чесите беа подобри на стартот од натпреварот, по 11 минути игра имаа предност од 2:4, но актуечниот шампион го засили темпото, и на одмор замина со 14:11 и предноста успеа да ја сочува до крајот. Едуардо Гурбиндо со шест гола беше најдобар кај Шпаника, а Хрстка исто така со шест гола се истакна кај Чешка.
Настапот на ЕП со победа го започна и селекцијата на Русија која со 29:27 славеше над Словачка. Русите во текот на целиот натпревар беа во водство, најчесто разликата се движеше од четири до шест гола, за во финишот Словаците да дојдат до 28:27. Но поранешниот вардарец Данил Шишкарев со голот во последната минута ја завери победата на Русија.


