ЕП 2022: Норвешка нa крилјата на Тофт ја победи Германија

Нема повеќе да им се дава предност на гостите на ракометните терени/ фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Ракометната репрезентација на Норвешка ја оправда фавориткста улога во второто коло од главната рунда на ЕП и со 28:23 ја совлада ослабената Германија.

Германците беа размноправен противник во првото полувреме кое и припадна на Норвешка со 14:12. Во вториот дел Норвежаните предводени од расположениот Тофт успеаја да се одлепат, а во 53 минута по голот на Тофт предноста се зголеми на +6 со што беше јасно кој ќе ги освои бодовите. Токму Тофт со седум постигнати голови беше најдобар кај Норвешка каде Сагосен и Бартхолд дадоа по четири гола.
Кај Германија, Гола постигна четири гола.

Со новите два бода, Норвешка се искачи на второто место на табелата во групата 2 кое ја носи во полуфиналето.

Претходно Шведска без никакви проблеми со 28:18 ја победи Полска. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме кое Швеѓаните го добија со 14:6.
Мелегард, Ване и Петерсон со по четири гола за Шведака, додека кај Полска се истакнаа Морито и Крајевски со по пет гола.

Резултати:
Русија – Шпанија 25:26
Полска – Шведска 18:28
Германија – Нервешка 23:28
Табела: Шпанија 6, Норвешка 4, Шведска 4, Германија 2, Русија 2, Полска 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот