ЕП 2020, Ѓоргоноски: Главен проблем на македонската селекција е играта во одбраната!

фото: твитер

Кузмановски и Танковски како „двојка и петка“, експерименти од типот на Поповски на тие позиции, тешко ќе дојдеме до успех без поддршка од голманите.

Горан Ѓоргоноски (40), поранешен македонски репрезентативец и екс ракометар на Металург вели дека дефанзивниот дел е ослабен поради повредата на Велко Маркоски кој со топка беше случајно удрен од Бомбач на контролниот меч против Словенија.

– Главен проблем на оваа селекција е играта во одбраната, каде по повредата на Маркоски (иако и тој до пред некој месец беше аут од сериозен тренажен процес) нема вистински специјалисти за одбрана и играчи кои можат во континуитет да одиграат на високо ниво.

фото: рфм

Во формацијата 6-0 со само двајца вистински централни бранители, Талески и Н. Маркоски и Мишевски како дебитант, Стоилов (кој во својот клуб не игра во сегментот одбрана), Кузмановски и Танковски како „двојка и петка” и експерименти од типот на Поповски на тие позиции, многу тешко може да се надеваме на успех (што и да значи тоа) без сериозна поддршка од голмани, пред сè од Митревски кој брани во неверојатна форма, константно во текот на цела сезона. Од друга страна немаме алтернативна зона, а ниту тип на играчи кои би одиграле таква зона – ни изјави Горан Ѓоргоноски.

Првиот натпревар на континенталниот собир ќе го имаме в петок (10. јануари) во Виена против селекцијата на Украина од 20.30 часот.

Во рамките од групата „Б“ во второто коло избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе ги одмерат силите против Чешка на 12. јануари од 16.00 часот, а два дена подоцна против домаќинот Австрија од 18.15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот