фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Енди Шмид ја заврши кариерата, последниот меч го имаше на ЕП 2024 против Македонија

Пет месеци порано од најавеното, Швајцарецот Енди Шмид (40) стави крај на големата играчка кариера. По учеството на Европското првенство 2024 одлучи дека е доволно, иако полусезоната ја заврши во својот Криенс Луцерн како најдобар стрелец во Лига Европа.

Последниот меч со својата репрезентација го имаше на континенталниот шампионат во Германија каде загуби од Македонија во прелиминарната фаза во Берлин во меч во кој беше најефикасен со 12 голови, а севкупно запиша 19 на ЕП.

Според најавите од јуни го чека нов предизвик, се очекува да биде нов селектор на швајцарската селекција.

Од 2003 година го носеше националниот дрес, во 218 натпревари постигна 1094 голови, учинок што го направи рекордер. На клупски план играше за Грасхоперс, Амичитија, Силкеборг, а со Рајн Некар Левен ги имаше најголемите успеси.

Пет пати беше избран за најкорисен играч (МВП) во Бундес лигата, со Рајн Некар два пати беше шампион на Германија, а се закити и со трофеј во ЕХФ купот. Со истиот клуб еднаш го освои германскиот Куп, а три пати и националниот Суперкуп. Со Амичитија два пати беше швајцарски првак, а лани со Криенс Луцерн дојде до пехарот во тамошниот Куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот