Емилијано Сала пред падот на авионот бил во несвест

фото: EPA-EFE/EDWARD BOONE

Емилијано Сала загина на 21 јануари 2019 година во авионска несреќа што летал од Франција за Англија. Поранешниот играч на француски Нант загина заедно со пилотот Дејвид Иботсон во несреќа откако нивниот авион се урна во морето во Ла Манш.

Повеќе од три години по страшната несреќа, „Би-Би-Си“ ги објави резултатите од токсиколошкиот тест на крвта на Сала.

Патологот Басил Пердју потврди дека фудбалерот бил длабоко онесвестен во моментот кога авионот се урнал во морето бидејќи имал заситеност во крвта со јаглерод моноксид од дури 58 проценти. Патологот го опиша како „тешко труење“.

Сала бил отруен со моноксид преку издувните гасови во авионот, а истражителите веруваат дека гасовите го запрепастиле и пилотот Иботсон, кој не можел да управува со авионот.

– Се качив во авионот кој изгледа како да ќе се распадне, доколку не се јавам за час, час и половина, не знам дали ќе испратат некој да ме бара – беше една од последните пораки на Сала преку „Whatsapp“.

Организаторот на трагичниот лет на Емилијано Сала осуден на 18 месеци затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот