Ем пијан ем ковид-позитивен возел низ град во Хрватска

Хрватска полиција
Хрватска полиција / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Заразен со ковид-19 кој во исто време имал 2,67 промили алкохол во крвта возел автомобил низ хрватскиот град Медулин.

Откако на 37-годишниот Хрват ќе му истече самоизолацијата, полицијата против него ќе покрене и прекршочна и кривична постапка, пишува 24сата.

На ковид-позитивниот возач му била одредена мерка домашно лекување до 21 ноември која не ја испочитувал и затоа ќе добие кривична пријава за ширење и пренесување заразни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот