Елмас: Со Спалети имам убави спомени, но утре секој ќе биде на своја страна
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува натпреварот против Италија во рамки од квалификациите за Европското првенство. Овој натпревар ќе биде посебен и за Елиф Елмас кој долго време игра во Италија, а сега на спротивната страна е и неговиот поранешен тренер во Наполи, Лучијано Спалети.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Елмас добро го познава Спалети и има одличен однос, но нивното пријателство нема да игра улога кога македонскиот „дијамант“ ќе истрча на теренот.
„Очекувам многу промени во однос на претходниот селектор. Го познавам добро, верувам ќе играат офанзивно со голем посед на топка. Спалети сака да игра висок пресинг, не знам колку ќе успее во овие седум дена колку што е селектор на Италија да ги спроведе своите замисли“, изјави Елмас.
Пријателски провокации со соиграчите од Наполи постојат.
„Ние соиграчите секако се „пецкаме“ понекогаш, тоа секогаш на пријателски однос. Чест и задоволство е да играш против некој кој ти е соиграч“, одговори Елмас на новинарското прашање.
Со Спалети има убави спомени, но сето тоа ќе остане настрана кога утре ќе започне натпреварот.
„Со Спалети ми е голема чест што ќе се видиме, заедно поминавме убави моменти. Но ќе бидеме пријатели додека почне натпреварот потоа секој на својата страна и за својата држава“, изјави Eлмас.


