Елмас останува во Наполи и покрај интересот од Манчестер јунајтед и Евертон

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има договор со Наполи до лето 2025 година/ фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Изминатиот период италијанските медиуми објавија дека нема никакви понуди стигнати за Ирвинг Лозано и Елиф Елмас, и двајцата остануваат се верни на Наполи.

Како што пренесува „Ил Матино“, и покрај интересот од други клубови, нема да се реализира никаков трансфер од Неапол летово на Мексиканецот и Македонецот.

Како информација излезе дека премиерлигашите Манчестер јунајтед и Евертон покажале интерес за Ирвинг и Елмас, но сето тоа е само чиста шпекулација, ништо конкретно.

Не се водат никакви преговори, и двајцата се дел од составот на тренерот Лучано Спалети. „Наполитанците“ и сезонава се очекува да бидат во сериозна трка за титулата во Серија А, а потсетување дека ќе играат и во групната фаза на Лигата на шампионите.

Елмас кој има важечки договор до 30 јуни 2025 година, ја игра својата четврта сезона во дресот на Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот