Елмас, мајсторе, па ти можеш и во кошаркарските води! (ВИДЕО)
Елиф Елмас летово е најголемата актуелна тема на фудбалскиот пазар, сите чекајќи евентуално да го напушти Фенербахче и се најавува дека ќе се пресели во редовите на Наполи.
Од Италија дури и најавуваа лекарски прегледи на Елмас во Неапол во текот на вчерашниот ден, но изненадувачки се врати во Истанбул.
Уште на аеродромот беше „мета“ на новинарите, снимателите, веднаш запрашан дали наскоро ќе направи трансфер, тој ништо не потврди, само со блага насмевка ги негираше информациите.
И дека чекаме евентуално да се пресели најверојатно на Апенините, во меѓувреме нашиот играч најде време да се занимава и во другите спортови, во овој случај кошарката.
Турција е секако позната и на кошаркарски план, на видео можете да погледнете како реализира кош и тоа од пола терен и го прослави на еден фантастичен начин.
Со левата рака, прецизна, нешто во стилот на славните кошаркари Џејмс Харден, Ману Џинобили…