Агентот на Пандев веќе му честиташе на Наполи!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Исто така, и Бобан Николов има капацитет да настапува во најсилната италијанска фудбалска лига, за чии услуги претходно покажа Бреша.

– Македонскиот фудбал е во развој, освен Елмас има и други играчи кои се подготвени за италијанскиот фудбал. Николов и особено Барди кој игра во исто така во фантастична лига и е дел од Леванте. Има висока вредност и навистина го препорачувам – вели Корси.

Иако уште нема никаква официјална потврда од Фенербахче и Наполи, агентот веќе му честита на калчолигашот за ангажман на Елмас.

– Еден од најинтересните таленти во Европа, знам дека многу клубови покажаа интерес, па му честитам на Наполи што ќе го донесе во своите редови. Станува збор за квалитетен играч, и во Фенербахче покажа карактер и со гол на турското дерби. Игра на теренот без притисок и чувство и тоа е многу важно. Во репрезентацијата на Македонија исто така има добри настапи, иако има простор за напредок – се зборовите на Корси.

Елиф Елмас според агентот на Горан Пандев, Леонардо Корси, смета дека станува збор за еден од најталентираните фудбалери во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот