Николов би можел да игра во Серија А

Фото: ФФМ

Бреша која се враќа во најквалитетната италијанска фудбалска лига покажува интерес за услугите на македонскиот репрезентативец Николов.

Нивниот стратег Корини претходно им беше тренер на Александар Трајковски и Илија Несторовски во Палермо.

Секако, ваквиот евентуален трансфер би бил голем чекор во развојот на нашиот интернационалец Николов.

Репрезентативец моментно ги брани боите на унгарскиот клуб МОЛ Види каде што до сега има 31 меч и четири погодоци.

Пред да се пресели во Унгарија беше дел од Вардар и романскиот Вииторул. Со Мол Види има договор до 30 јуни 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот