„Електричнo“ сини очи: Племе поради генетска мутација стана хит на социјалните мрежи

Едно племе од островот Батон во Индонезија стана хит меѓу фотографите, но и на социјалните мрежи, поради невообичаените продорни сини очи и бронзениот тен.

 

Островот Батон е 19-тиот најголем остров во Индонезија, во југоисточниот регион Сулавеси, а вистинска атракција се староседелците од племето Батон, кои се поделени на неколку помали.
Некои од нив имаат Варденбург синдром, што влијае на нивната пигментација, поради што имаат невообичаено сини очи. Овој феномен е вистинска реткост во Индонезија, бидејќи жителите таму претежно имаат темна коса и темни очи, а тие често се раѓаат со различни бои на очите, пишува „Дејли мејл“.

Станува збор за наследна генетска мутација за која се проценува дека има една на 42.000 лица во некоја форма. Сепак, овој синдром може да доведе и до губење на слухот.

Инстаграм – Корчној Пасарибу

Членовите на племето Батон беа фотографирани за време на неодамнешната посета на островот од страна на Корчној Пасарибу, геолог од Џакарта. 38-годишниот фотограф кој го документира животот во рурална Индонезија од септември 2019 година, со фокус на бројни племиња и културно наследство.

Инстаграм – Корчној Пасарибу

Пасарибу изјавува дека фотографијата е негово хоби и дека тој всушност работи како геолог во рудник за никел.

Инстаграм – Корчној Пасарибу

„Сините очи се уникатни и убави и тие се моја инспирација. „Сините очи се мојата омилена боја на очи“, – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот