Затвор во Ел Салвадор/Фото: Press Secretary Of The Presidenc / AFP / Profimedia

Ел Салвадор го менува уставот за да овозможи доживотни затворски казни

Конгресот на Ел Салвадор вчера одобри уставен амандман со кој се дозволуваат доживотни затворски казни за убиство, силување и тероризам, што е продолжение на пресметката меѓу владата на претседателот Наиб Букеле и криминалните банди, пренесува Ројтерс.

Додека судовите во Салвадор претходно изрекуваа казни и од над 100 години затвор, законот го ограничуваше времето поминато зад решетки на 60 години.

Реформата беше усвоена со поддршка од 59 пратеници, а еден пратеник гласаше против.

„Ќе видиме кој ќе ја поддржи оваа реформа и кој ќе се осмели да тврди дека уставот треба да продолжи да им забранува на убијците и силувачите да останат во затвор“, напиша Букеле на социјалните мрежи пред Конгресот да го усвои амандманот.

Уставниот амандман доаѓа една недела откако група меѓународни адвокати изјавија дека постојат „основани основи“ да се верува дека се извршени злосторства против човештвото за време на контроверзната вонредна состојба во земјата, која владата на претседателот Наиб Букеле ја воведе пред четири години.

Вонредната состојба им овозможи на безбедносните сили да притворат повеќе од 90.000 луѓе. Приближно 500 од тие притвореници починаа во државен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот