Експлодира кавгата меѓу Цеца и Чедомир во емисија во живо: Зошто бев уапсена за убиството на премиерот? (ВИДЕО)

После 17 години молчење и избегнување, пејачката Цеца Ражнатовиќ и политичарот и бизнисмен Чедомир Јовановиќ се најдоа заедно во емисија.

Емисијата беше исполнета со вербални провокации и расправии меѓу Цеца и Јовановиќ.

– Мене навистина ме интересира зошто јас бев уапсена, јас на оваа тема чекам 17 години, вие бевте вториот човек во државата тогаш, зошто јас бев уапсена за убиството на премиерот, дојдовте со 150 полицајци во мојата куќа, тоа можеше да биде решено со еден телефонски повик, и јас ќе дојдов во полициската станица, праша Цеца.

Добро знаете зошто бевте уапсена. Јас кога апсам, јас доаѓам сам. Тоа можевте да го научите по Милошевиќ. Вие бевте уапсена под сомненија дека знаевте кој се обидува да го убие премиерот на државата, јас немам никаков личен однос спрема вас, и одговори Чедомир Јовановиќ.

Ситуацијата експлодираше во последните моменти од шоуто, кога Жељко Митровиќ, кумот на Цеца се вмеша во расправијата и застана на страната на Цеца, која набрзо демонстративно го напушти студиото.

Дел од нивната расправија звучеше вака:

Митровиќ: „Чедо, тогаш и згрешивте на Цеца! Цеца немаше никаква одговорност!“

Јовановиќ: Навистина? Зошто тогаш ја тргна од програмата?“

Цеца: „Затоа што мораше!“

Митровиќ: „Затоа што вие тогаш ми ја подметнавте информацијата. Не го отворај тоа.“

Потоа Цеца го грабна телефонот и го напушти студиото.

Цеца, врати се додека не заврши емисијата, рече водителката Верица Брадич.

– Нема да слушам манипулаторски приказни,  и одговори Цеца.

На крајот, Цеца се врати во студиото и остана до крајот на емисијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот