Експертите предупредуваат дека носењето волненa капa е штетно по здравјето

Фото: Pxhere

Еден од најтоплите материјали за носење на ладно време е волната, а при ниски температури важно е сите делови од телото, вклучувајќи ја и главата, да бидат добро покриени.

Зошто не е добро да се носи волнена капа?

Додека волнената капа може да ви ја загрее главата, таа исто така може и да предизвика губење на косата.

Сем Клинкир, извршен директор на „Есте медикал груп“ и експерт за кожа и коса, тврди дека изборот на погрешен материјал за капа може да ја оштети вашата коса.

„Волната е популарен избор за зимска облека, бидејќи е одличен природен изолатор за задржување на топлината, а исто така, е и материјал кој пропушта воздух кој го спречува прегревањето. Но, во зима, нашата коса е особено чувствителна на оштетувања и изборот на погрешен материјал за топли капи може да биде штетно“, рекол тој.

Ја „крши“ и суши косата

Ладниот воздух може да ја исцица природната влага од нашата коса, додава тој, оставајќи ја сува и кршлива и склона кон расцепени врвови и кршење, пишува британски „Експрес“.

„Носењето волнена капа на ладно време може да доведе до „кинење“. Волната и другите суви ткаенини можат да го влошат овој ефект, а исто така, и да ја извлечат влагата и природните масла од нашата коса и од кожата на главата“, објаснил Клинкир.

Влагата е клучна за одржување на здрава коса, помагајќи да се заштити од надворешни фактори како што е времето. Телото го одржува нивото на влага во косата, користејќи мрсна супстанција наречена себум.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот