Експертите откриваат: Шест причини зошто жените одлучуваат да се разведат
Толку многу жени во бракови и врски не чувствуваат дека другата страна навистина ги гледа и уважува на вистински начин, вели брачната терапевтка Кристин Вилке.
Препорачано
Таа додава дека комуникацијата е клучна за здрав брак. Таа и други стручњаци наведуваат некои од најчестите причини поради кои жените се одлучуваат на развод, пишува „Живим“.
1. Се чувствуваат земени „здраво за готово“
За бракот да успее, двете страни мора да учествуваат и да работат на него. Потребни се многу труд, внимание и комуникација.
На крајот на денот, многу сопруги имаат чувство дека само тие работат за доброто на семејството, додека партнерот никаде го нема. Чувствуваат дека целиот товар на врската е на „нивен грб“, дека го носат најголемиот дел од емоционалната работа и постојано наоѓаат нови начини како да ја одржат врската во живот.
Многу е фрустрирачки кога од партнерот не добиваат никаква реакција, па по некое време си го поставуваат прашањето: „Зошто воопшто да се трудам?“.
2. Со партнерот постојано се расправаат за истите работи
Многу парови кои доаѓаат на терапија со години ги водат истите расправии. Со текот на времето, во нив расте горчината. Кога жените ќе почнат да чувствуваат дека не можат да направат никаква промена, често му велат на партнерот дека никогаш не ги слуша, дека неговите извинувања се празни и дека ништо не значат, вели брачната терапевтка Олга Блох.
Таа додава дека на крајот жените се откажуваат, бидејќи останувањето во таков брак или врска за нив повеќе не е опција.
3. Не се задоволни од сексуалниот живот
За повеќето парови, сексот е добар показател за општата состојба на бракот. Кога жените се жалат на сексуалниот живот, најчесто поголемите проблеми се надвор од спалната соба. Жените во сексуално фрустриран брак, вели Давин, се чувствуваат исцрпено и емоционално истрошено. Недостатокот на сексуална интимност може да стане проблем поради кој се подготвени да го напуштат бракот.
4. Не разговараат и не се чувствуваат емоционално поврзано како порано
Според брачната терапевтка Кристин Вилке, ова е број еден причината поради која жените ги напуштаат браковите. Таа додава дека поради овој проблем жените стануваат несреќни и поранливи и најчесто почнуваат да ја бараат среќата и сè она што им недостига во бракот на друго место, односно во нечија друга прегратка.
5. Го прераснале својот партнер
Неизбежно е луѓето со текот на времето да растат и да се менуваат како поединци. Ова станува вистински проблем кога на тој пат ќе се изгубат и повеќе не можат повторно да се поврзат.
„Бидејќи бракот се менува и се развива, не е невообичаено сопруга да му каже на сопругот: ‘Имам чувство дека те прераснав’, особено ако имаат деца“, вели психологињата Ен Кроули.
Таа додава дека често токму жените поради ова сакаат да побараат стручна помош и ги повикуваат партнерите да им се придружат, но тие тоа многу често го одбиваат. Жената тогаш не сака повеќе да ги негува тие нездрави модели на однесување, ниту да го продолжува статус квото, па се одлучува за развод.
6. Стигнале до точка кога разводот е единствениот начин повторно да се стават себеси на прво место
Често проблеми како зависности или неконтролиран бес ја „туркаат“ жената преку работ. Постојано слушам дека би се развеле отколку да поминат уште еден ден со него, бидејќи знаат дека тој никогаш нема да се промени, вели брачната терапевтка Винифред Рајли.
Таа додава дека многу жени по долго време сфаќаат дека не заслужуваат да бидат во таков брак. И понекогаш, и покрај љубовта и вложениот труд, доаѓаат до точка од која нема враќање и сфаќаат дека најдоброто нешто за нив е токму разводот.
Добредојдовте во „месецот на разводот“: Зошто браковите „пукаат“ токму во јануари?


