Експертите откриваат: Дали градинарството се смета за вежбање?

Фото: Pexels / Anna Shvets

Одењето во теретана може да изгледа како голема мака – дури и ако знаеме дека вежбањето е клучно за да останеме здрави. Но, експертите сега велат дека градинарството всушност може да согорува повеќе калории отколку што би очекувале. Но, дали може да се смета за вежбање?

Киеран Шеридан, физиотерапевт од Обединетите Арапски Емирати, мисли така – но вели дека сè зависи од видот на задачите во градината што ги правите. Тој вели дека можете да согорите околу 300 калории со само 45 минути градинарство, пишува „Мирор“.

„Садењето еден час исто така може да согори 200-300 калории. Таквата работа е насочена кон многу мускулни групи поради сета напорна физичка активност – како што се садење, наводнување, дури и копање и кревање вреќи со ѓубриво“, изјавил Шеридан.

За пример, ако тежите околу 65 килограми, би согорувале околу 260 калории на час одејќи на лента за трчање со темпо од 9 километри на час. Зголемете го ова на 10 километри на час и би согорувале 680 калории на час.

Како и одењето, Киеран објаснува дека градинарството може да помогне во работата на мускулните групи во различни делови од телото, вклучувајќи ги рацете, задникот, стомакот, грбот и нозете. Копањето веројатно ќе согорува најмногу калории, бидејќи туркањето на лопатата може да помогне да работат повеќе груиа на мускули одеднаш.

„Исто така, важно е прво да се истегнете за да ја зголемите својата сила пред градинарството и да избегнете мускулни грчеви и оптоварување по градинарството. Овие градинарски задачи, исто така, помагаат во согорувањето на калориите исто како што би правеле едноставните вежби. Препорачувам да се мешаат работите при градинарството. Не можете да извршите само една задача затоа што може да ги напрегате вашите мускули. На пример, само садењето и носењето вреќи ќе биде физички напорно, што може да доведе до повреди и болки во телото. Предлагам да комбинирате други задачи како плевење и гребење“, додал Шеридан.

Освен што согорува калории и ја зголемува силата, вежбањето може да има безброј други придобивки. Клер Стивс, професорка по стареење и здравје на Кралскиот колеџ во Лондон, неодамна изјави дека само 45 минути пешачење три пати неделно е сè што ви треба за да ја зајакнете когнитивната функција на вашиот мозок.

Со текот на времето, ова може да помогне да се намали ризикот од деменција – состојба која често се јавува подоцна во животот, што им отежнува на заболените да се сеќаваат, размислуваат и самостојно да донесуваат одлуки.

Д-р Алексис Мисик, општ лекар во Велика Британија, исто така вели дека градинарските активности како што е копањето се корисни форми на вежбање бидејќи помагаат да се изгради нашата сила. Тој вели дека како и другите форми на вежбање, секојдневното градинарство може да го намали ризикот од деменција.

„Повеќето движење низ градинарството може да го промовира кардиоваскуларното здравје и помага да се намали ризикот од срцеви заболувања и да се одржи крвниот притисок на здраво ниво“, рекол Мисик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот