Експерти: Ширењето на омикрон е на пат кон нагло опаѓање

омикрон
Бројот на заразени со омикрон ќе опадне/ Фото: ЕПА

Научниците гледаат знаци дека алармантниот бран на омикрон можеби го достигнал својот врв во Британија и САД, по што бројот на новозаразени може да почне нагло да опаѓа.

Причината за ова е што омикрон станал толку многу заразен што можеби нема повеќе луѓе низ кои не поминал, само месец и половина откако беше откриен во Јужна Африка. Неговата распространетост „може да се намали исто толку брзо како што расте”, изјави истражувачот Али Мокдад од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Во исто време, експертите предупредуваат дека сè уште постои голема неизвесност за тоа како би се развивала следната фаза од пандемијата. Според Универзитетот Вашингтон, бројот на дневни пријавени случаи во САД ќе достигне врв од 1,2 милиони до 19 јануари, а потоа драстично ќе падне, „едноставно затоа што секој што може да биде заразен ќе биде заразен”, рече Мокдад.

Тој додаде дека, според проценките на универзитетот, реалниот број на нови дневни случаи во САД, вклучително и луѓе кои не биле тестирани, веќе го достигнала врвот – шест милиони на 6 јануари.

Во Велика Британија, владините бројки покажуваат дека новите инфекции паднале на околу 140.000 дневно минатата недела, откако надминале 200.000 еден ден претходно овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот