Беким Сали / Фото: МИА / архива

Ексминистерот за здравство Беким Сали ќе го замени Меџити во првата вицепремиерска фотелја

Наследник на досегашниот прв вицепремиер Изет Меџити, кој реши да биде градоначалник на Чаир, ќе биде поранешниот министер за здравство Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на коалицијата „Вреди“, Дритон Сулејмани.

„Ние веќе функционираме како „Вреди“ и досегашните министри кои беа министри на „Вреди“, а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити, негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Сѐ уште нема конкретно име – рече Сулејмани одговарајќи на новинарски прашања“, рече портпаролот.

Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, кога на таа позиција го наследи Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот