Ексдиректорот на АХВ и шестмина вработени ќе одговараат, наводно проневериле 1.000 евра
Полицијата соопшти дека поднела кривична пријава против поранешниот директор во Агенцијата за храна и ветеринарство З.А., како и против неговиот тогашен заменик и уште петмина вработени во агенцијата, кои се осомничени за проневера и помагање да се проневери вкупен износ од околу 62.000 денари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според МВР, седумтемина осомничени го оштетиле буџетот на АХВ преку непрописно распределени и исплатени дневници.
„З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50 проценти, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20 проценти, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата. Ф.М. во својство на заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по нив и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство“, пишува во соопштението од МВР.


