Екс играчот на Вардар Тимур Дибиров ја игра последната сезона во кариерата
Руската ракометна легенда Тимур Дибиров ја завршува кариерата на 42-годишна возраст во Загреб, Хрватска.
Препорачано
Дибиров ги следи стапките на Никола Карабатиќ, Микел Хансен и Ува Генсхајмер кои минатото лето ја завршија кариерата. На крајот од оваа сезона, едно од најдобрите леви крила во 21 век ќе се пензионира.
Поранешниот играч на Чеховски Медведи, Вардар и Загреб во изјава за руските медиуми истакна дека оваа сезона е последна во неговата кариера. Освојувачот на две европски шампионски титули со скопскиот тим Вардар реши да се прости од овој спорт на 42 години.
Причината не се повреди или физичка подготвеност, туку желбата да биде заедно со семејството.
Неговата сопруга Ирина Полторочкаја, позната руска ракометарка, освојувач на три светски златни медали со националниот тим, живее во Русија со својата ќерка, додека Дибиров и неговиот син се во Загреб веќе три години, и понатаму игра на високо ниво во елитното натпреварување.


