Ејсап Роки прогласен за модна икона за 2025 година: Раперот ѝ се заблагодари на Ријана за инспирацијата
Доделувањето на престижните модни награди „ЦФДА“ за 2025 (CFDA Fashion Awards 2025), ги собра најголемите ѕвезди во Американскиот музеј за природна историја во Њујорк . Советот на модни дизајнери на Америка ги прослави победниците и наградените на гламурозен настан кој привлече повеќе од 70 познати лица.
Препорачано
Еден од најзначајните моменти на вечерта беше доделувањето на наградата Модна икона, која на раперот Ејсап Роки му ја додели легендарната Ана Винтур.
Како и секогаш, негова најголема поддржувачка беше неговата долгогодишна партнерка Ријана, која гордо ја следеше церемонијата. Во говорот кој го одржа, тој ѝ се заблагодари на пејачката за инспирацијата и поддршката.

„Успеавме, душо“, ѝ се обрати Ејсап на Ријана.
Настанот, презентиран од Amazon Fashion, беше и одлична можност за дружење. Така, ѕвездите од серијата „Schmigadoon“, Дав Камерон и Аријана ДеБоуз, беа забележани во разговорот, а многу други познати гости кои уживаа во вечерата не беа пропуштени од објективите на фотографите.
Во галеријата, ви претставуваме повеќе од 80 ексклузивни фотографии кои откриваат кој се појавил на црвениот тепих и каква била атмосферата зад сцената.


