ЕХФ: Ривали на Вардар во Топ 10 фаворити за титулата во Европската лига
На 8 октомври ќе стартува новата сезона 2024/25 во ЕХФ Европската лига, а македонскиот ракомет ќе го претставува Вардар 1961.
Препорачано
Скопските „црвено-црни“ се во групата Ф заедно со Порто (Португалија), Мелсунген (Германија) и Валур (Исланд).
Првиот меч играчите предводени од тренерот Владо Недановски ќе го имаат на домашен терен против Валур со почеток од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Европската ракометна федерација објави неофицијален ранкинг на екипи кои се очекува да бидат едни од главните фаворити за титулата во ова натпреварување.
Доминираат германските клубови, според ЕХФ најголем фаворит за освојување на пехарот е Фленсбург.
Два ривали од групата на Вардар се во Топ 10 фаворити за трофејот според европската куќа на ракометот, Мелсунген на четвртата, а Порто на шестата позиција.
Топ 10 фаворити
ЕХФ Европска лига
1. Фленсбург (Германија)
2. Кил (Германија)
3. Монпеље (Франција)
4. Мелсунген (Германија)
—
5. ГОГ (Данска)
6. Порто (Португалија)
7. Нексе (Хрватска)
8. Гумерсбах (Германија)
9. Бјерингбро-Силкеборг (Данска)
10.Феникс Тулуз (Франција)


