ЕХФ ја проширува ракометната Лига Европа на 32 клубови

Едно квалификациско коло ќе има за Лига Европа/фото: Еурофарм Пелистер

Добри вести за Балканот доаѓаат од состанокот на Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Луксембург. Од следната сезона, земајќи ги потребите на клубовите од средно развиените ракометни земји, Лигата на Европа ќе брои 32 наместо 24 екипи во групната фаза.

Наместо две кола во квалификациите, за пласман во најквалитетното натпреварување после Лигата на шампионите, ќе се игра едно коло. Во групната фаза ќе се квалификуваат 16 екипи според рејтингот, а останатите 16 ќе бидат познати од квалификациските дуели меѓу 32 клубови.

Тоа практично значи дека патот и пласманот во случај на среќа во жрепката ќе им се олесни на екипите од регионот, кои по квалитет се далеку од потребите на Лигата на Европа, и финансиите во овој момент.

Она што е исто така одлука од која полза на ракометот на овие простори е раздвојувањето на бодовите за Лигата на шампионите и ЕХФ Лигата на Европа, со оглед на тоа што во моментов претставници во Лигата на шампионите имаат само Хрватска и Словенија. Пред оваа одлука тоа беше направено со поранешниот Челинџ куп (ЕХФ куп). Рејтингот на земјите ќе биде објавен оваа недела.

Воедно од 2024 година, Европското првенство во кадетска конкуренција ќе се прошири од 16 на 24 репрезентации, со што практично сите Екс-ЈУ селекции се ставаат во елитното друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот