Ефремовски во Перм како замена за повредениот Димитријевиќ

Иако беше најавено од федерацијата дека во Русија ќе се патува со 11 играчи, во последен момент се отвори можност да се повика кошаркарот на Работнички.

Како што и е веќе објавено Ненад Димитријевиќ нема да настапи на вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021 година поради повреда на задната ложа, на која се пожали уште пред почетокот на средбата со Естонија.

Дуелот против Русија нашите најдобри кошаркари ќе го имаат в недела (23. февруари) со почеток од 16.00 часот по македонско време.

Селекторот Александар Тодоров и покрај поразот во Скопје, размислува позитивно и се надева дека на возвратната пресметка на теренот на Естонците, можат неговите играчи да дојдат до победа.

Беше најавено дека поради краткиот рок за промена на авионскиот билет, македонската репрезентација најверојатно со 11 играчи ќе оди во Перм, во последен момент се отвори можност за замена, која стручниот штаб на нашиот национален тим ја искористи.

Со интервенција на канцеларијата на кошаркарската федерација, на местото на повредениот Димитријевиќ, рано изутрина, во 05.00 часот, заедно со останатите репрезентативци, отпатува кошаркарот на Работнички, Виктор Ефремовски кој беше на списокот од 15 кошаркари, но заедно со Марко Миловановиќ и Филип Бакоч, отпадна на ден пред дуелот со Естонија.

Тоа ќе биде нова можност 21. годишниот шутер да дебитира за сениорската репрезентација откако претходно ги помина речиси сите младински селекции на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот