Едвард Сноуден доби руски пасош

Фото: ЕPA- EFE

Поранешниот аналитичар на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден доби руски пасош и положи заклетва за државјанство, изјави денеска неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.

– Да, тој доби пасош. Тој положи заклетва, потврди Кучерена на прашањето на руски медиуми дали Сноуден добил руски пасош.

Тој додаде дека сопругата на Сноуден, Линдзи Милс, моментално ги доставува потребните документи за да добие руско државјанство.

Сноуден дојде во Русија на 23 јуни 2013 година, откако на почетокот на тој месец обелодени таен судски налог со кој на американските специјални служби им се дава пристап до сите повици што ги упатува американскиот мобилен оператор Верајзон.

Тој објави и податоци за супертајната програма на неговиот поранешен работодавач, НСА „Призма”, која овозможи следење на електронските комуникации на многу интернет страници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот