Еднаш дива, засекогаш дива – Безвременската елеганција и минималистичкиот стил на Моника Белучи како модна лекција за сите! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Актерката со хипнотизирачка убавина својот стил го донесе до совршенство комбинирајќи гИ минимализмот и елеганцијата на најдобриот можен начин.

Моника Белучи не експериментира и никогаш не ги следи слепо модните трендови, што секако и одговара со нејзиниот карактер и типот на убавина кој го поседува.

Она на што е вистински верна е елеганцијата, која зрачи со женственост, стил, мирни и избалансирани бои и сосема едноставни модели. Да едноставни, но никако досадни. Секоја комбинација која ќе ја претстави оваа безвременска убавица, без оглед дали станува збор за одело или свечен фустан, содржи твист и аксесоари кои совршено се надополнуваат и кои нејзиниот изглед го прават беспрекорен, а во исто време ненападен, одмерен и дамски.

Монохроматскиот стил кој го преферира, како и оделата во комбинација со секси корсетите и високите потпетици едноставно мамат воздишки на прв поглед. А фустаните на оваа дива се синоним за „помалку е подобро“ и колку личниот стил и едноставноста нераскинливо се поврзани.

Нормално, не смееме да ги заборавиме и секогаш совршено додадените аксесоари, ташни, накит, ремени, чевли, очила за сонце, кои внимателно ги избира за секој стајлинг.

Едноставно и без грешка – Моника Белучи е дама со стил, во вистинска смисла на зборот!

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот